Агентот и сопруга на голгетерот на Интер Мауро Икарди – Ванда Нара, увери дека напаѓачот ќе остане во клубот и наредната сезона, иако неодамнешните несогласувања со шефовите на „нероазурите“.

– Сега сме многу порелаксирани. Тој секогаш имал добри односи со шефовите на Интер. Икарди ќе биде во тимот и следната година. Мауро е одличен човек. Тој продолжува да постигнува голови и да го следи патот, бидејќи е силата на семејството, прокоментира Нара пред „Верисимо“.

Икарди не играше повеќе од месец за тимот од Милано, откако му беше одземена капитенската лента. Раководството и Аргентинецот долг период неможат да се договорат за продолжување на соработката, што доведе до тензии меѓу двете страни.

Интерес за напаѓачот не недостасува, а се смета дека еден чекор пред сите е Реал Мадрид.