Сопствениците на оранжерии, кои се наоѓаат на државно земјиште, добија можност да да го купат земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата, и со стекнувањето на имотни листови, ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.
Ова, е овозможено со усвојувањето на денешната владина 140-та седница на Информацијата за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое има изградено оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно објекти во стопанскиот двор врз основа на Јавниот повик од 22 ноември 2018 година.
– Со реализацијата на овој јавен повик сопствениците на оранжерии се стекнаа со можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост, и со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството, велат од владината прес-служба.
Владата денеска го донесе и новиот текст на Уредбата за дополнување на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која е додадена нова подмерка „Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви “.
– Со овој вид на заштита од природни климатски непогода како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколкукратно поекономичен систем од старите ракетни системи. Проценетата вредност за набавка на услугите е 900 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем чија проценета вредност за инсталација и одржување е еднократна инвестиција од 1,2 милијарди денари и дополнителни трошоци за одржување и набавка на материјали од 300 милиони денари на годишно ниво, посочуваат од владината прес-служба.