Нова демократија, преку заменикот надлежен за правда, господинот Карагунис, до обвинителката од Врховниот суд, госпоѓата Ксени Димитриу, го достави видеото на Никос Коѕијас во кое меѓу другото открива дека господинот Панос Каменос обвини за финансирање министри од страна на Џорџ Сорос, соопштуваат од најголемата грчка опозициска партија и додаваат дека тие го сториле она што се подразбира, бидејќи на владината седница биле и министерот за правда и неговиот заменик и не побарале да се започне истрага.
Од Нова демократија велат дека исто така се подразбира дека “правдата ќе треба да побара да се достави оставката на Коѕијас, бидејќи низа објави во медиумите споменуваат дека во неа открива подтоци за мрачни случаи во кои што се вмешани министри од владата на Ципрас”.
Како што јави допсничката на МИА од Атина, најголемата грчка опозициска партија во денешното соопштение уште еднаш го повикува Алексис Ципрас да го објави писмото со оставката на Коѕијас, а поставува и неколку прашања, повикувајќи се на натписите во грчките медиуми во однос на содржината на дописот на 9 страници на поранешниот шеф на грчката дипломатија.
-Вмешан е и братучедот на премиерот, Јоргос Ципрас во сомнителните случаи на владата за кои обвинува господинот Коѕијас? Во неговото писмо постои споменување на случајот со продажбата на муниција во Саудиска Арабија? Обвинува ли Коѕијас за нетранспарентен начин на кој се чини дека Каменос управуваше со фондовите на невладините организации за бегалците?, се прашањата што ги поставуваат од Нова демократија, повикувајќи се на текстовите во грчките медиуми