Сигурно е дека младиот турски актер Беркај Атеш(31) својата најголема популарност ја стекна во серијата „Мајка“.
Улогата на лошиот и немилосрден човек по име Џенгиз кој дури не го сака ниту сопственото дете, можеби создаде аверзија кај гледачите на серијата, но затоа пак му донесе најголема слава и тоа не само во Турција, туку ширум Европа и Азија каде се емитуваше серијата.
Инаку, кога станува збор за неговата актерска кариера, истата и не е така богата, а повеќе има театарски улоги.
Иако е активен на социјалните мрежи, Беркај не многу открива за својата приватност.
Дури и енергијата која ја има на своето лице е доста поразлична од онаа во серијата од која стана најомразениот лик.