Младиот и талентиран кандидат од Скопје, Огнен Здравковски, кој се натпреваруваше во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, за жал не успеа да се пласира во петтиот полуфинален круг.

Иако неговите поддржувачи воопшто не очекуваа таков крај за Огнен, се случи она на што најмалку се надеваа.

Од самиот почеток на своето претставување Огнен ги имаше симпатиите како на публиката, така и на жирито, но веста дека не остана да се натпреварува на крајот разочара многумина.

Членовите на неговото семејство, односно најблиските му посакаа се најдобро за во иднина, бидејќи веруваат во него и неговиот музички талент. Неговата мајка, Софче Џорлева која е пејачка и работи во Македонската опера и балет, не додржа, а јавно да не се обрати во врска со тоа што нејзиниот син излезе од шоуто.

-Мојот син не помина во полуфинале ама нека е жив и здрав, има време млад е, напиша Џорлева по што на нејзиниот статус се нижеа коментари пред се на незадоволни обожаватели, како и од оние кои за понатаму му посакаа многу успех на музичко поле на Огнен.

Инаку, младиот Огнен досега има учествувано во музичкиот натпревар „Сите наши песни“, „Ѕвездите на Пинк“, а се осмели да направи и посериозен чекор и да промовира свои песни.