Жаклин Џеки Сталоне, мајката на еден од најуспешните актери на денешницата, Силвестер Сталоне, е позната како дава која е „навлечена“ на пластични операции, а денес ја споредуваат во ист ранг како Донатела Версаче и оние што не знаеја да застанат на време.

Таа е поранешен астролог, танчарка, која сакаше да го запре стареењето и да остане вечно млада, но во таа желба отиде предалеку.

Денес има 96 години и изобличено лице за кое и самата признава дека изгледа лошо.

Се чувствувам како верверица. За тоа е крив козметичкиот филер, изјави Џеки во една прилика.