Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 157.203 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.839, а оздравени се 75.940.
Австрија – Бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија се зголеми за повеќе од 100 од вчера попладне. Според Министерството за здравство, сегашниот број е 758. Вчера имаше 655 инфицирани до 15 часот, а таа цифра во текот на ноќта се зголеми за повеќе од 100.
Екваторијална Гвинеја – Прв случај на заразен со Ковид-19. Се работи за жена (42) која пред една недела се вратила од Мадрид.
Австралија – Од полноќ се воведува самоизолација од 14 денови за сите меѓународни патници кои доаѓаат во таа држава. Се забранува крастарење со крузери во следните 30 денови.
Хрватска – Државјани од 73 земји кои од вчера во 20 часот влегле во Хрватска мора 14 денови да бидат во изолација ако немаат намера да отпатуваат во друга држава.Седум нови случаи се регистрирани во државата, соопшти утрово министерот за здравство. Сите се со благи симптоми. Досега се потврдени 46 случаи на заразени со Ковид-19.
Србија – Досега регистрирани 46 случаи на заразени со новиот коронавирус. Половина се во домашна изолација. Претседателот денеска одлучува дали ќе биде воведена употреба на војската во цивилни цели.
Шпанија – Ограничено е движењето на луѓето. Можат само на работа или до продавница за прехранбени производи или аптека. Изборите се одложени.
Аргентина – Властите забранија влез во државата за странци од најпогодените држави. Забраната е на сила во следните 30 денови. Таму се евидентирани 45 заразени.
Јужна Кореја – За првпат по три недели бројот на новозаразени е под 100. Вчера беа евидентирани 76 новозаразени, вкупно 8.162. Бројот на починати е 75. Два града се прогласени за посебни зони погодени од епидемијата.
Литванија – Целата држава е во карантин во следните две недели.
Естонија – Затворени се границите за странци.
САД – Претседателот на САД, Доналд Трамп не е позитивен на коронавирусот, соопшти неговиот личен лекар.
Ватикан – Сите Велигденски служби на Папата Франциск следниот месец ќе бидат без присуство на верници. Одлуката е без преседан во модерното време, јавија западни медиуми. Неделниот благослов на Папата на Велигденската недела на 12 април ќе биде без присуство на јавност и публика, и службата ќе се пренесува на интернет и на телевизии.