Во 6 часот утрово во светот има 169.610 случаи на коронавирус, а од инфекцијата починале 6.518 луѓе. Се излечиле вкупно 77.776. Има се повеќе и повеќе излекувани, а помалку нови случаи во Кина. Како што јави Си-Ен-Ен, повеќето нови случаи сега има во Европа.
Во Европа и низ целиот свет од час во час се соопштуваат нови мерки за борба против коронавирусот, па така вчера повеќе африкански држави ги прекинаа меѓународните летови и ги затворија границите, Чешка го ограничи движењето на граѓаните, додека делови од Австралија се во вонредна состојба, додека во Гватемала е забележан прв смртен случај.
Коронавирусот е присутен во најмалку 26 земји на африканскиот континент и бројот на заразени случаи постојано се зголемува.
Иран соопшти дека во сабота имал 113 смртни случаи. Во земјата починале вкупно 724 луѓе, а 13.938 се заразени.
Во Австралија досега се пријавени речиси 300 случаи, како и пет смртни случаи од инфекција со коронавирус.