Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на усна изјава, вели претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев, во врска со оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
– Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот, вели Штерјев за Слободен печат.
Не постои оставка на Јанева се додека таа не биде писмено доставена до Советот на јавни обвинители, сметаат експертите.
Ако пак оставката стане ефективна, без Јанева не постои ниту Специјалното јавно обвинителство и во август не можат да продолжат судењата по десетината преостанати предмети што СЈО ги води пред судовите, па некои експерти сметаат дека треба веднаш да се бира нов специјален обвинител според актуелниот закон за СЈО.
Штерјев вели дека до Советот нема доставена оставка од Јанева.
– Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот, вели Штерјев.
Од СЈО потврдија дека писмена оставка од Јанева не е доставена до Советот на јавни обвинители.