Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска иницирал вонредна седница  на Совет на Општина Куманово со предлог да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад по несреќата на железничката станица, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.

-Градоначалникот на Општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочувство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Република Србија, соопшти Општина Куманово.

Фото: МИА архива