Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, регира на интервјуто на градоначалникот Петре Шилегов во Телма, истакнувајќи:

После 4 години бедно владеење на градскиот татко, единствено Шилегов го сруши плочникот на плоштад кој со месеци не може да го поправи. Така да Шилегов може да се сруши само себе си. Еден совет, пуштете си ја чергата колку што ви се долги нозете, досега од вас Скопје виде само лепливи прсти. ВМРО-ДПМНЕ изгради велелепен град, Шилегов насади гинко дрво кое се исуши. Скопје наместо градски татко, го гази градски недоветен арамија, велат од Советничка група на Вмро-Дпмне и Коалицијата на Град Скопје.

-Она што за Заев беше живот за секого, сега за Шилегов е “ќе го рушиме Скопје 2014”. Дури и за рушење треба работа, а познавајќи ја мрзата и неспособноста на Шилегов, и во натпревар за најнеспособен би бил на второ место, зошто е неспособен!
П.С. Скопје не е чашка да ја испиете, Скопје е приказна која е поголема од вас.