54-годишна советничка на општина Крушево, наставничка и работник за влашката култура во Крушево попладнево ја загуби битката со корона вирусот.
Веста ја потврди градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку фејсбук статус во кој напиша:
„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот.
Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево.
Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот.
Сочуство до семејството.