ЕВН различно им наплаќа на Македонците и Албанците за исто количество потрошена струја, тврди советникот во Општина Куманово, Осама Муадини.

– Кој е крадецот тука? Кој краде струја, а кој не плаќа?, прашува Муадини, советник од партијата Алијансата за Албанците, во неговата објава на својот профил на Фејсбук.

Неговата објава ја пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА под наслов „Феноменот на сметките за струја од ЕВН, во односот Македонец – Албанец“.

Муадини пишува: „Кога Албанец кога ќе купи стан, или куќа од Македонец и откако ќе ја среди документацијата за пренос на сопственост, се случува да го остави само струјомерот на име на македонскиот сопственик. Откако ќе почне да живее албанскиот сопственик во тој стан, или куќа, ќе продолжат да му пристигаат сметките за струја на име на поранешниот македонски сопственик со износи од 800 до 1.500 денари.“

Натаму продолжува:

„Поминува една година и Албанецот решава да го префрли на негово име и струјното броило, за да му доаѓаат и сметките на негово име. Но, по промената на името на сметката, уште од првиот месец ЕВН за истите месечни трошоци за струја доставува фактура од 3.000 до 4.500 денари?!“

Ова, се додава во објавата, се случува „само затоа што сега броилото и фактурата за струјата гласат на името на Албанецот“ и завшува со чудење:

– Кој е крадецот тука?! Кој краде струја, а кој не плаќа?!- прашува Муадини.