Претседателот на Собранието Талат Џафери по завршувањето на 112. седница на која беше разрешена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го доставил предлогот за разрешување до Советот на јавни обвинители.

Советот на јавни обвинители се очекува вечерва или најдоцна утре да се состане и да го констатира разрешувањето на Јанева.

Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“, истекува утре, 15 септември.