Причината за сензационалната победа на Мексико над Германија е жена која за време на претставувањето на Мексиканците, на тв екран, со раката на нивните лица помина во форма на крст.

-Јас сум 100 отсто сигурен дека баба ми ја предизвика победата на мексиканската репрезентација, напиша на Твитер, млада мексиканска навивачка.

Видеото објавено на твитер на кое се гледа како бабата им дава моќ на Мексиканците има преку 400 илјади прегледи.