Меѓу навивачите на мексиканската фудбалска репрезентација присутни на Мундијалот во Русија се најде и фотографија во природна големина на навивач залепена на картонска кутија.

Се работи за Хавиер кој доби забрана од дома да патува на СП. На сината маица на картонот Хавиер пишува: Мојата сопруга не ме пушти мене.

Мексико на стартот на Мундијалот ја победи Германија со 1:0, а пријателите на Хавиер му ветиле дека картонот со неговиот лик ќе го носат со себе и на следните натпревари.