Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави ќе има тројца капитени на Светското кошаркарско првенство во Кина.
Капитени на американскиот тим на Мундијалот 2019 ќе бидат Кемба Вокер и Маркус Смарт од Бостон и Донован Мичел од Јута.
Американците се во група со Турција, Чешка и Јапонија.
Селекторот Грег Попович сè уште не ја објави конечната листа со 12 играчи кои ќе настапат на Мундијалот.