Фудбалската репрезентација на Аргентина победи во четвртфиналето на Светското првенство против Холандија.
По драматични 120 минути, резултатот се решаваше на пенали со 4-3 (2-2).
Иако беше во водство во поголемиот дел од натпреварот, Аргентина доби пресврт во последната минута од судиското продолжение, кога Холанѓаните израмнија на 2:2.
Сепак, тимот на Меси е тој што ќе се соочи со Хрватска, која претходно денеска, исто така на пенали, го елиминираше Бразил.
Хрватска и Аргентина ќе играат за финалето во вторник од 20 часот.