Актуелниот фудбалски светски прваци, селекцијата на Франција, го отвори првенството во Катар со уверлива победа од 4:1 (2:1) над Австралија во првиот дуел од првото коло на Групата Д, доминантно започнувајќи ја одбраната на титулата и покрај многуте изостанувања на играчите и раното водство на противникот.
Австралија го шокираше шампионот со погодокот на Крег Гудвин веќе во 9 минута, но многу подобрата Франција не дозволи противникот долго да биде во водство и со два брзи погодока веќе до крајот на првиот дел го сврте резултатот во своја полза.
До крајот на средбата Франција постигна уште два гола за конечни 4:1.