САД и Велс одиграа нерешено во својот прв натпревар на Светското првенство во Катар.

На двете репрезентации им припадна по едно полувреме, а на крајот мечот заврши 1:1.

Репрезентацијата на САД беше многу подобра во првиот дел, неколкупати сериозно се закани, а по една одлична акција во 36. минута, Пулишиќ асистираше до Веа кој погоди за водство од 1:0.

Во 82. минута Герет Бејл постигна гол од пенал и го изедначи резултатот на 1:1.

Со тој резултат заврши и натпреварот кој беше продолжен 10 минути согласно новите правила на ФИФА.