Швајцарија го победи Камерун со 1:0 на отворањето на петтиот ден од Светското фудбалско првенство во Катар.
Победничкиот гол на средбата одиграна во Ал Вакрах го постигна Брел Емболо во 48.минута по асистенцијата на Џердан Шакири.
Уругвај и Јужна Кореја одиграа попладнево нерешено 0-0 во рамки на првото коло во групата Х на Светското првенство во Катар.
Двете репрезентации во првото полувреме имаа по една стопроцентна шанса за гол.
Јужнокорејскиот напаѓач Хванг за малку биеше непрецизно кон противничкиот гол во 34 минута, додека на спротивната страна топката по ударот со глава на Диего Годин ја погоди стативата во 43 минута.
Најзрелата шанса за гол во второто полувреме се случи во 89 минута коа Уругвај втор пат во натпреварот ја погоди статувата по обидот од дистанца на Федерико Валверде.