Португалската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Гана со 3-2 (0-0) во рамки на првото коло во групата Х на Светското првенство, во натпревар во кој сите пет голови беа постигнати во завршните 30-ина минути на стадионот „974“ во Доха.

Португалија поведе преку Кристијано Роналдо од пенал во 65 минута, а откако Гана го израмни резултатот осум минути подоцна преку Андре Ајев, го врати водството со два гола за две минути.

Најпрво Жоао Феликс беше прецизен за 2-1 (78), а водството го удвои Леао (80).

До крајот на натпреварот Гана се обидуваше да остане непоразена, но успеа само да го ублажи поразот преку Осман Букари (89).