Драматичен расплет во групата-Д на СП во Катар. Покрај Франција која веќе беше во 1/8 финалето, се пласира и селекцијата на Австралија по одиграните два меча попладнево во рамките на 3.коло.

Тунис е во солзи, ја победи Франција со 1:0. Но тоа беше бадијала, ако се знае резултатот од оној меч меѓу Данска и Австралија.Казри ја донесе победата во 58.минута донесе водство за да Грзиман во 90+8 даде гол за 1:1, но ВАР го поништи. Да кажеме дека Франција мечот го почна со резербиот состав, но потоа во игра влегоа и Мбапе, Гризман, Дембеле…

На вториот меч и покрај тоа што Данска беше подобра, имаше и шанси, сепак Австралија победа со 1:0 и тоа со голот на Лики во 60.минута. Па така на крајот на табелата Австралија и Тунис завршија со по 6 бодови, но Австралијците завршија како втори само поради подобрата гол разлика.