СП ВО КОШАРКА: Бразил ја изненади Канада

/ 01.09.2023

Канада влезе како голем фаворит против Бразил, но Бразилците го добија мечот со 69-65 и дојдоа на победа до пласман во четвртфиналето.

Во финишот од третиот период Канада имаше предност и од 12 поени разлика, но Бразил одигра фантастично во последните десет минути, го сврте резултатот и дојде до победа од 69-65.

Предводник во победата беше Бруно Кабокло со 19 поени и 13 скокови. Во составот на Канада најдобар беше Жилжус Александер со 23 поени.

Сите во групата имаат по седум бода. Во последното коло Канада игра со Шпанија, а Бразил со Летонија. Победниците од овие дуели ќе одат во четвртфиналето.


Од истата категорија