Кошаркарите на Србија прокоцкаа позитива од 16 поени против Италија и на крајот загубија со 78:76 на Мундобаскертот во рамки на групата И (втора фаза). Србите на средина од третиот период ги имаа највисоките плус 16 (60:44), но во продолжение Италијанците одиграа далеку подобро и на крајот дојдоа до победа со која избија на првото место во групата.
Најзаслужен за овој триумф кај „Азурите“ беше Симоне Фонтекио со 30 поени, додека на спротивната страна прво име беше Богдан Богдановиќ со 18 коша.
До нова победа дојде и селекцијата на САД, која беше подобра од Црна Гора со 85:73. Иако Црногорците беа во егал ситуација во поголемиот дел од мечот, сепак потфрлија во завршницата.