Ракометната селекција на Данска ја продолжува доминацијата во светскиот ракомет и испиша нова страница во историјата на оваа игра. Скандинавската селекција стана едиствената со три врзани титули од светските првенства, откако во вечерашното големо финале со Франција славеше сигурна победа од 29-34.

За многумина најдобрата генерација во историјата на репрезентативниот ракометот фуриозно го започна големото финале. Питлик и Гидсел го совладаа Жерар, додека на спротивната страна мотивиран беше Ландин, кој со три врзани одбрани беше најзаслужен за водството на Данска од 0-3, по пет минути игра. Никола Карабатиќ, кој го преседе полуфиналето со Шведска, се врати во составот на „триколорите“, но на стартот ниту тој не успеа да го разигра својот тим, па Данска со нова серија поведе со 2-6 и го натера Жил да го повика првиот тај-аут во финалето.

Ништо ново не донесе ниту минутата одмор, бидејќи Пиклик и Гидсел продолжија да го полнат голот на Франција, па Данска ја чуваше предноста од четири гола, но сè до финишот од полувремето. Бранителот на титулата скоро пет минути беше без постигнат гол, па искусните Французи го искористија тоа до полувреме намалија на само еден гол негатива (15-16).

Советите на Јакобсен во соблекувалната ги освести данските ѕвезди кои на стартот на вториот дел повторно воспоставија контролна врз резултатот, а Хансен со својот прв погодок на мечот ја врати Данска на позитива од три гола (18-21).

Во отсуство на најскапиот ракометар на светот, Карабатиќ, кој беше тотално индиспониран во првиот дел, Пранди беше тој кој што ја презеде одговорноста и на 15 минути до крајот ја врати Франција на само еден гол негатива. Но, соодветен одговор имаше и Јакобсен, кој во игра го внесе Менса Ларсен и членот на Фленсбург ја направи потребната разлика на теренот со два проектили ја врати Данска на сигурна предност (26-30). Во клучен момент се разигра и Лауге Шмит, а фантастичен на голот беше и Мелер, па на Франција ѝ преостана само чесно да го доигра финалето (29-34).