Ракометната репрезентација на Холандија забележа победа над Катар од 30-32 во рамките на втората фаза на Светското првенство (СП) во Шведска и Полска.
Катарците имаа предност од 19-15 на полувремето, потоа беше и 24-21, меѓутоа во периодот кој следеше влегоа во холандската „машина“ на брз ракомет и не најдоа решение за истата.
Смитс и Тен Велде дадоа по осум гола за Холандија, додека кај Катар, капитенот Мадади погоди 11 пати, а Бенали и Гачевиќ додадоа по пет гола.
Триумф забележа и Бахреин над Соединетите Американски Држави (32-27). Селекцијата водеше цело време во дуелот со Американците и заслужено се радува. Ал-Сајад беше најдобар кај Бахреин со девет гола, Ходерсен постигна шест за САД.