Поранешниот ракометен селектор на Македонија и тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ ја коментираше актуелната ситуација во нашата репрезентација и незадоволството од резултатите на СП во ракомет.

– Сигурен сум дека Лазаров на ова СП дојде со други амбици и со желба да се победи барем на еден меч во групата. Но, треба да се знае дека Македонија се падна во исклучително тешка група. Нема од што да се срамат, но исто така Македонците брзо забораваат кој си и што си. Брзо забораваат на тоа што си направил и какви заслуги имаш за овој спорт. На оваа репрезентација и треба време, а тие често многу бргу го губат трпението. Според мене ќе биде грешка ако после турнирот се прават промени, истакна Вујовиќ, актуелен селектор на Иран.

Извор: Спортмедиа