Дваесетина добри минути во средината на првото полувреме, кои доведоа до нерешен резултат на семафорот од 9:9, не беа доволни за македонската ракометна репрезентација рамноправно да и се спротивстави на Норвешка.
Фаворизираните и многу квалитетни Норвежани, од тој момент целосно ја презедоа контролата врз натпреварот и рутинирано го доиграа натпреварот до крај. На полувреме беше 18:11, а на крајот резултатот беше 39:27.
Нашите голмани имаа осум одбрани, а во офанзива најефикасни беа Талевски со седум и Манасков со пет голови.