Ракометната репрезентација на Шпанија е освојувач на бронзениот медал на Светското првенство откако славеше во мечот за третото место против домаќинот Шведска со 36-39.
Овој натпревар за третото место е меч со најмногу голови во историјата, а претходно рекордот го држеше малото финале минатиот Мундијал во кој Шпанија славеше над Франција со 35-29.
Првото полувреме се играше буквално без одбрани. Двата тима погодуваа од секоја позиција, а оваа игра повеќе им одговараше на Швеѓаните кои на пауза заминаа со позитива од четири гола 22-18.
Во второто полувреме излезе некоја нова Шпанија. Селекторот Рибера ја промени одбраната и за само седум минути со шерија 1-6 успеаја да ја анулираат големата негатива и по долго време да поведат (24-26). Во продолжение се играше гол за гол, а на десет минути до крајот на мечот Шпанците влегоа со највисоките плус три (30-33).
До крајот „црвената-фурија“ успеа да го задржи водството и да стигне до конечен триумф од 36-39. Фигерас со девет гола беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените Ване заврши со ист број погодоци.