Британската пејачка и дизајнерка Викторија Бекам заработила околу милион фунти при повторното обединување на „Спајс грлс“, и покрај тоа што таа одби да пее со групата.
Бекам добила една петтина од приходите од реклами, лиценцирани спогодби и продажби на предмети со брендот на групата. Во меѓувреме, модниот бизнис на Бекам со години не е профитабилен. Загубите на нејзината компанија за 2019 година изнесуваат 12 милиони фунти.
Бендот лани имаше турнеја со 13 концерта кои им донесоа заработка од 4,5 милиони фунти.
Инаку, Викторија и нејзиниот сопруг, поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам си изградија таен подземен тунел на имотот во Англија. Тој е наменет за брзо бегство на семејството во случај на опасност.