Спанаќот е здрав и треба да се изеде до крај – колку пати сте го слушнале тоа како дете, мешајќи по чинијата, обидувајќи се да ја избегнете зелената маса која не изгледаше многу привлечна, а ни горчливиот вкус не ви беше баш по желба…
Е, тогаш да ги имавте информациите што ги претставуваме, можеби ќе го променевте мислењето. Имено, научниците од Универзитетот во Берлин и Светската антидопинг агенција (WADA) објавија дека хемикалијата хидроксиексизон или екдистерон, кој се наоѓа во зеленчукот, ја зголемува моќта на спортистите и дека треба да биде забранет како допинг.
„Очекувавме да ја видиме разликата, но не очекувавме дека ќе биде толку голема“, изјави берлинската професорка Мариа Пар.
Екдистерон или хидроксиекдисон е стероиден хормон кој е сличен на човечките андрогени како тестостерон.
Се смета за адаптоген со оглед на способноста за одржување на телесната рамнотежа и намалување на клеточниот стрес. За спортистите е интересен затоа што го зголемува задржувањето на азотот и синтезата на протеините. Ја зголемува силата и издржливоста.
Научниците досега спроведоа повеќе од 50 студии за екдистерон и заклучија дека: ја зголемува синтезата на протеини, ја зголемува вкупната содржина на протеини и гликоген во мускулите, ја потиснува хипогликемијата, а силно го стабилизира нивото на шеќер во крвта, како гликемискиот регулатор резултира со постојано чувство на висока енергија, потикнува вклучување на гликогенот во црниот дроб и мускулите, спречува висок шеќер во крвта и високо ниво на инсулин, има силни антиинфламаторни својства, го намалува високиот степен на кортизол, ги зголемува спортските перформанси со зголемување на работната способност и капацитетот на белите дробови, го намалува заморот и апатијата, но во исто време ја зголемува брзината и моќта.
Научниците ја советувале WADA да го додаде хидроксиексесон на списокот на забранети супстанци.
Студијата е започната откако се појавија индикации за употреба на хидроксиексизон во руските спортови и тврдења дека супстанцијата ја зголемува мускулната маса и го забрзува закрепнувањето по напорниот тренинг.