Начинот на кој децата мирисаат одредени ароми, би можело да помогне во раното дијагностицирање на аутизмот, открија израелските научници, информира Би-Би-Си.

Луѓето поминуваат подолго време, вдишувајќе пријатни мириси како букет од рози и значително помалку време над расипана риба пример. Според резултатите од истражувањето на 36 деца, кај оние кои страдаат од аутизам, нема слична разлика.

Од оваа болест стада во просек едно од секои 160 деца во светот, а тоа влијае на однесувањето, социјалната комуникација и вештините за комуникација. Често пати потребно е многу време додека детето може да биде дијагностицирано.

Истражувањето на израелските научници претставува десетминутен експеримент. Црвена цевка во носот на детето испраќа или пријатен или непријатен мирис, додека втора, зелена цевка ги зема предвид промените во дишењето. Врз основа на овој тест тимот разви програма која може да детектира аутизам меѓу групата деца со точност до 81%.

Тестовите исто така покажуваат дека колку потешки се симптомите на болеста, толку подолго децата болни од неа, ги дишат непријатните миризби.

Кај аутизмот е многу важно раното дијагностицирање, за да може детето да ја добие потребната помош од што е можно порана возраст.

Според лекарите од Институтот за науки “Вајзман” во Израел предностите на методот со мирисите е дека тој не се потпира на способностите на детето да комуницира и затоа може да се примени во многу рана возраст.