Чудно време дојде, кога персони од политичкиот и јавниот живот се борат за „уставното име“ кое кога требаше да се брани аплаудираа за придавката „северна“ за „бесплатно здравство за сите низ цела ЕУ“!

Еден од нив е и проф. д-р Ѓорѓи Спасов, поранешен генерален секретар на СДСМ, министер, амбасадор… Тој денеска се бори за сосила наметнатото уставнот име со „северна“, придавка која Македонија ја доби без волја на македонскиот народ на референдумот кој од ДИК беше официјално прогласен за неуспешен.

А денес тие се борат за „уставното име“. Еве во продолжение што застапува Спасов на својот профил на Фејсбук:

Тоа е она што го кажував за изјавите

Преземено од Vladimir Tufegdzic :

Не знам кој ве советува во однос на изјавите што ги заверувате на нотар, но знам дека советникот требало да ви каже дека таквите изјави се НИШТОВНИ од причина што во изјавата е содржано НЕуставното име на државата и не може да произведе правно дејство ниту спрема државата ниту спрема давателот на изјавата.

Со оглед на содржината на изјавата се поставува прашање за правниот основ за заверка кај надлежен нотар бидејќи дел од содржината е во директна спротивност со уставот.

Како и да е ваквите изјави се очаен обид да се одржи на политичката сцена бидејќи одлучното НЕ ви остана само на маица и со тоа го покажавте политичкиот максимум, без храброст да се притисне некое од копчињата како гласачка опција пред собраниската клупа.