Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашната емисија Топ тема на телевизија Телма истакна дека, граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите, пишува скопска Република.
-Ние можеме сега да побараме се да се одложи, во функција на некаква помош, но мораме да водиме сметка особено за банкарскиот систем или сектор и мораме да направиме се за истиот да го одржиме таков – посочи Спасовски.
Тој вели решиле да се помогне, но секоја од банките да изврши одлагање за три до шест месеци.
На прашањето дали одложувањето е со дополнителна камата, тој рече дека точно е дека не е предвидено да се стопира каматата, но треба да се има во предвид дека треба да се одржува ликвидноста на банките.
На констатацијата дека чесно е на граѓаните да им се каже дека ќе се одложат плаќањата на каматите, но на тоа тече дополнителна камата, затоа што на ваков начин се доведуваат до заблуда, Спасовски потврди дека ова било повеќе од чесно, но морало да се одржи ликвиден банкарскиот сектор.