Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната партиска прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што ја пренесува интегрално.
Спасовски спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед во Сарај, иако надлежната организациска единица доставила предлог за истото. Со ова, над 5,5 милиони денари биле слеани во фирмата со одобрение на Оливер Спасовски, противзаконски.
Што се крие и зошто Спасовски не постапил за одземање на овластувањата на техничкиот преглед во Сарај? Дали зад заштита на Спасовски стои нешто друго?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на истиот овој технички преглед? И колку од нив немало да поминат на друго место?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. Во оваа насока, го повикуваме ЈО веднаш да постапи.
А што се однесува до СДС, наместо оградување и дистанцирање од криминалите на лица како Спасовски, тие повторно ги бранат криминалите на нивните поранешни владини, а сегашни партиски функционери.
Како тргнала работата, во СДС нема еден чесен политичар да остане.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ




