Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, на својот фејсбук профил, го сумираше сработеното во март годинава.
Тој, меѓу другото, потсетува дека се зголемени платите на полицијата, дека е намален криминалитетот во првите два месеца од 2023-та во споредба со истиот период лани, како и дека 48 отсто од раководните позиции во организациските единици на МВР се доверени на жени.
-Почеток на нов месец секогаш претставува добра можност да се потсетиме за досега сработеното. МВР за граѓаните: Транспарентно и отчетно – март 2023. Задоволна полиција – безбедни граѓани, покачување на платите за 3 086 денари бруто износ, посета на Чаир – безбедноста не е ниту една институција, безбедноста не е ниту еден човек, безбедноста сме сите ние, прва седница на Собрание посветена на унапредување на родовата еднаквост на која одбележуваме и 20 години од формирањето на Клубот на пратенички, Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција, Конференција во организација на Министерството за труд и социјална политика во рамки на караванот за родова еднаквост на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта, Оперативна активност „Безбеден град”, прв Отворен ден на МВР со студентите од Факултетот за безбедност, одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица „ТИГАР“, остварена заштеда од 593 588 киловат часови електрична енергија на ниво на МВР во првите два месеца, наведува Спасовски.
Потпишан е, дополнува, Меморандум помеѓу владите на РСМ и Република Србија за полесен проток на лица и стоки, потпишан е Протокол за соработка меѓу Јавно обвинителство на РСМ и МВР, како и Меморандум помеѓу МВР и Државниот инспекторат за труд за меѓуинституционална соработка во откривањето на кривичните дела поврзани со трговија со луѓе и трудова експлоатација и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.
Спасовски во фејсбук објавата се осврнува и на останатите активности реализирани минатиот месец.