Со исклучително добро реализираниот оперативен план за одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, македонската полиција се докажа како еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг, објави министерот за надворешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.
– Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, наведе Спасовски.
Тој потенцира дека како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, „македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг“.spasovski
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ! Ви благодарам! МВР за ГРАЃАНИТЕ!, додава Спасовски во објавата на Фејсбук