Чествувањето на Гоце Делчев ќе мине мирно и достоинствено, ветија Спасовски и неговиот колега Демерџиев по нивната средба кој денеска се одржа во Скопје. Сепак и по средбата нема одговор дали во сабота во црквата „Свети Спас“ ќе присуствуваат пратеникот во Европскито парламент Ангел Џамбаски и неговиот истомисленик претседател на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов или ќе им биде изречена забрана за влез во Македонија.

Спасовски е дециден дека македонското МВР ги превзема сите мерки и нема да се дозволи никаков инцидент.

„Чествувањето е во услови на зголемени тензии и различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги превзема сите неиопходни мерки и активности и апсулотно нема да дозволи инцидент односно ќе обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, изјави Оливер Спасовски.

На иста линија е и шефот на бугарската полиција Демерџиев кој е дециден дека нема да дозволи „да се пали оган таму каде што нема“.

„ Ги превземав сите мерки луѓето кои доаѓаат од Бугарија на чествувањето нема да дозволам да предизвикуваат немири или да провоцираат. Се согласивме дека ние сме должни да обезбедиме достоинствено чествување и нема да дозволиме некои луѓе да палата оган таму каде што нема. Целта е да се одаде почит на една видна личност како што е Гоце Делчев а не тоа да стане место каде што ќе се искужауваат радикални и псеудонацилани пораки“, рече Демерџиев, технички министер за внатрешни работи на Р.Бугарија

За случајот Пендиков, министерот Спасовски кажа дека истрагата трае и можно е да се прошири и на други лица, додека неговиот колега соопшти дека ги доставил доказите за заканите испратени на социјалните мрежи кон Пендиков додека тој е на лекување во Софија и додаде дека очекува и тие да бидат адресирани од македонската полиција.