Исламската верска заедница да ја преспита својата одлука за отворање на верските објекти,  а исто така и МПЦ да се однесува сериозно, апелира премиерот Оливер Спасовски.

-Во однос на отворањето на џамиите односно носењето на  одлуката на ИВЗ јас го кажав мојот став за сите верски заедници  дека тие треба да ги почитуваат одлуките што ги носи Владата и нема организација дали е тоа верска, дали  е политичка, дали е поединец кој не треба да ги почитува  одлуките. Заради тоа што овие одлуки  не се од политичка причина, ова се одлуки што значат заштита на животот  и здравјето на граѓаните. Апелирам да си ја преиспитаат сопствената одлука  во делот на отворањето на верските објекти, меѓутоа исто така укажувам и МПЦ  да се однесува сериозно заради тоа што  направи низа на пропусти во  изминатиот период, изјави Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање.