Во однос на борбата со сајбер криминалот, можам да кажам дека изминативе години значително е зголемен капацитетот на институцијата со којашто раководам, МВР, Одделот за компјутерски криминал, во делот на форензика, во делот на заштита, и тоа го правиме постојано, вложуваме и во човечките ресурси, објави министерот Оливер Спасовски.
– Јас сум навистина многу задоволен што на секоја безбедносна конференција која што ја имаме и регионална и на ниво на Европска Унија па и на глобално ниво, конференциите на ИНТЕРПОЛ итн., сите веќе како топ приоритет го ставаат сајбер криминалот и јакнењето на капацитетите што значат спречување на сајбер криминалот. Во таа насока, го изградивме ИКТ Центарот во Прилеп. Тоа е токму за заштита и бекап на електронските податоци кои што ги има не само МВР, туку и на другите институции со кои што склучуваме договори, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.
Министерот Спасовски е еден од најактивните функционери со објави на Фејсбук.