Преку вклучување на младите во политиките ќе бидеме сигурни дека сме на вистинскиот пат, со лична одговорност до максимален придонес за државата, објави денеска министерот Оливер Спасовски.

– Ние како генерација се соочуваме со многу предизвици од кои некои ни ги пренесоа минатите генерации. Затоа е важно секој одговорен човек да има одговорност и да даде максимален придонес за државата. Ние да бидеме мудри, да бидеме инвентивни, да бидеме визионери, да бидеме храбри, да не им оставаме сериозни проблеми на идните генерации, туку да создадеме еден добар, трасиран пат кој што ќе создаде можност за сериозна надградба на економскиот просперитет на државата. Тука, пред сѐ, мислам на нашите млади луѓе, бидејќи младите се иднината на секое општество, па така и за македонското општество, објави Спасовски на својот профил на Фејсбук.

Спасовски е еден од најактивните министри и партски функционери на СДСМ на социјалните мрежи и во медиумите и се почесто се споменува како можен кандидат на власта за иден шеф на државата.