Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и денеска продолжува со промоции на обновени полициски објекти за пеофикасна полициска работа.
– Сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик на Полициско одделение Кривогаштани целосно ги задоволува бараните критериуми за непречено функционирање на полициските службеници и служби, но се во интерес и на граѓаните кои во нив ги остваруваат своите граѓански права и должности, објави Спасовски на официјалниот профил на Фејсбук.
Спасовски досега има промовирано поголем број на полициски објекти со обновени фасади, варосани ентериери, нов мебел итн.