Да се обединиме и да го победиме режимот во Куманово, објави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Пред граѓаните на мое Куманово порачав дека одиме на победа, за нови детски градинки, за нови улици, за нови проекти кои значат развиен град. Оливер Илиевски се обврза да внесе 6,5 милиони евра во образованието! Како централна власт, подготвени сме секогаш да помогнеме на Куманово, никогаш повеќе кумановци да не се чувствуваат запоставено. Ќе победиме за модерно и зелено Куманово, објави Спасовски на Фејсбук.
Објавата на Спасовски, со поддршка на кандидатот на СДСМ Илиевски, е прилично збунувачка, ако се има предвид дека досега во Куманово секогаш градоначалник и локална власт или „локален режим“ бил од СДСМ, од која партија е и министерот Спасовски.
Сега и двајцата кандидати за градоначалник на Куманово се од СДСМ, едниот досегашен, вториот потенцијален градоначалник. Така што режим и на локално и на централно ниво сега може да биде само неговата партија СДСМ. Затоа е нејасна пораката на Спасовски „кој режим ќе го победуваат во Куманово“!?