Во денешното гостување во радиото Канал 77, одговарајќи на новинарското прашање како претставник од власта, за тоа “дали му е непријатно или срамота што се случуваше со тие гужви, кога државата не може да ви обезбеди нешто, тогаш тоа си го барате во друга држава, на тој начин го уривате идентитетот на една држава“, Спасовски одговори:

„Тоа е право на личен на граѓаните. Сега почна вакцинацијата и кај нас и јас не знам после година дена справување со корона кризата, после година дена со спроведување на сите мерки, дека било кој од нас не можел да почека една недела за да биде вакцинирани овде, а да започне вакцинацијата“-рече Спасовски.