Денеска остварив средба со Виктор Гаврилов, генерален директор на Канал 77, на која беше потенцирана одличната соработка на МВР со овој, но и сите други медиуми, особено околу превентивните активности на полицијата во областа на сообраќајот.
Ова денеска го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– На средбата договоривме дополнителна соработка околу превенцијата во сообраќајот, која е во интерес на сите граѓани. Ја користам и оваа можност да упатам апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.
Претходно утринава, како што објавивме, Спасовски беше на богослужба во манастирот Св. Јоаким Осоговски, каде заедно со претседателот Стево Пендаровски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, запалиле свеќа за здравје.