Не можам, а да не го споменам и успехот во борбата со корупцијата, која претставува врвен приоритет, во однос на кој минатата година ја заокруживме со 50 проценти зголемување на откривачката функција, со 56 откриени кривични дела и 82 кривично пријавени сторители, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.
– Значи, нема да згрешам ако кажам дека бројките сами по себе говорат за сериозниот успех во борбата со криминалот и девијантните појави, за кои нема место во едно демократско општество кое се грижи за своите граѓани, што сметам дека претставува основна причина за континуирано зголемување на довербата на полицијата како сервис на граѓаните, објави Спасовски на Фејсбук.