Оливер Спасовски го напушта МВР на најконтгроверзниот можен начин – со полноќни кадровски прераспределувања кои на неговиот наследник треба да му оневозможат функционирање во МВР, дознава скопска Република.
Според неофицијалните сознанија на Република дури и во доцните вечерни часови во МВР се делат дополнителни решенија со цел сите на сите места да се распордат кадри преку кои СДСМ ќе може да се носи со новиот технички министер.
Според нивниот извор Спасовски во моментов поставува началници на новоформираните ЕВР по станичните подрачја Ѓорче Петров, Карпош, Гази Баба, Аеродром…
Нови началници добиваат и единиците за дрога и оружје, а нивните помошници вечерва напредуваат по неколку скалила нагоре.
Неофицијално, за началник на Оружје во СВР е поставен газда на едно стрелиште во Скопје, С.Д. е новиот началник за дрога, Г.В. од вечерва е началник на ЕВР Ѓорче Петров, а А.Б. помошник-началник на ЕНТ.