На денешната владина седница ќе се разгледува предлогот за релаксација на мерките после првомајските празници односно за скратување на полицискиот час кој во работните денови би почнал од 19 часот и би траел до 05 часот следниот ден.
За да им се даде и поголема временска рамка за движење на лицата на возраст од 67 години од 05 часот наутро до 12 часот попладне, додека младите до 18 години да можат да се движат од 13 до 19 часот, најави денеска премиерот Оливер Спасовски во интервју за Утрински брифинг.
Тој потенцира дека ова се предлози кои стигнале од Комисијарта за заразни болести, имајќи предвид неколку парамети, а тоа е бројот на новозаболени, бројот на излекувани, старосната група структура на оние кои се носители на болеста и сето тоа, подвлече, се земало предвид кога се предложени да се рагледаат ваквите одлуки, кои вчера се разгледани на Главниот штаб, а денеска ќе се разгледаат на седница на Влада.
– Овие одлуки кои ќе се донесат на Влада апсолутно не се детерминирани ниту од какви било верски празници, ниту од какви било залагања на еден или на друг. Ако ги носевме мерките само заради тоа што некој предложил да се носи таква мерка или само заради тоа што им се допаѓа на одредена група на луѓе тогаш тоа не се сериозни мерки, што ќе дадат резултати, рече Спасовски
Со носењето мерки за рестрикции, потенцира премиерот Спасовски, од самиот почеток реков дека, се мерки кои не се посакувани од кој било од Владата, туку се мерки што мора да бидат донесени со цел да се заштити животот и здравјето на граѓаните.