Со уредбите што завчера и денеска ги донесе Владата за директна помош и поддршка на економијата државата спасува работни места. Тоа се мерки што ги помагаат сите кои се погодени од кризата со коронавирусот, а за секоја категорија стопански субјекти и сите граѓани се креирани мерки според принципот на економска солидарност и баланс на потребите и можностите, порача денеска преимерот Оливер Спасовски.
Главната мерка од економскиот пакет, како што рече на денешната прес-конференција во Владата, е директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен за април и мај годинава од сите фирми погоедени од кризата. Алтернатива на мерката е покривање на 50 отсто од придонесите за своите вработени со која се очекува да бидат опфатени околу 20 проценти од осигурениците или околу 53.000 осигуреници за што се потребни 568,690,000 денари за субвенциирање на придонесите за април и мај. Може да се користи само една од двете мерки, а денеска, како што кажа, Владата донесе уредба за исплата до 14.500 денари за април и мај годинава и за физичките лицата кои вршат самостојна дејност (занаетчиита) кои се погодени од кризата со коронавирусот. Испалтата на занаетчиите ќе се врши преку трансакциска сметка на барателот на финасиска поддршка.
-Со овие мерки државата ги спасува работните места на граѓаните. Донесовме уредба со законска сила за финасиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид – 19 со што и практично стапуваат на сила сите одредби за сеопфатна директна финансиска поддршка на работодавачите со средства кои се наменети за зачувување на работните места и за помош на работниците, рече Спасовски.
Потенцира дека дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за сите мерки со кои ќе бидат опфатени околу 250 илјади работни места и околу 35.000 компании.
-Уредбата го опфаќа секое претпријатие од приватниот сектор кое вработува работници врз основа на договор за вработување, секое правно лице и работодавачите кои преку приватни агенции ангажираат работници за извршување на работнтие задачи. Ќе се врши исплата на финансиски средства на сметка на работодавачот барател на финасиската поддршка за исплата на плати на работниците за април и мај во износ најмалку до 14.500 денари месечно по работник. Ако работникот бил ангажиран за полно работно време ќе му биде исплатен целиот износ, а доколку бил ангажиран со ксратено работно време сразмерен износ, појасни Спасовски.
Работодавачот, како што кажа, ќе треба да поднесе барање за финансиска поддршка за исплата на платите за работниците до УЈП која е задолжена веднаш да ги утврди формата и содржината на обрасците за барањето. Барањето ќе се поднесува преку системот е-даноци на УЈП до 5-ти во месецот за претходниот месец, а испалтата ќе се врши до 13-ти во месецот за претходниот месец. Комплетноста на барањето ќе ја утврдува УЈП во рок од три дена по приемот на барањето, а по обработкат ана апликацијата Управата ќе го информира работодвачаот за вкупниот износ на финансиска поддршка што ќе биде исплатена за соодветниот месец и ќе ја извести Владата. Сите информации кои компании ќе имаат право на кирстење на мерката и кои не се опфатени со мерката ќе бидат наведени во уредбата што ќе биде објавена утре во Службен весник, како и на веб страницата на Владата.
-Работоддавачот кој користел финасиска поддршка има обврска да ги врати добиените средства во целост заедно со камата за јавни давачки доколку по извршена контрола од УЈП или Државниот инспоекторат з атруд се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите за стекнување право на користење на мерката. Зсаклучно со септември 2020 година работодавачот кокј користел финасисика поддршка има обврска да го задржи истиот број ан вработени на неопределено, определено време и со пократко време од полното работно време што го имал за месецот за кој побарала финансиска поддршка з аисплат ана платите намален за бројот на вработени заради пензионирање или смрт, посочи Спасовски.
Работодавачите, потенцира, имаат обврска да ги вратат земените средства во Буџетот.